ОПШТИНА КОЧАНИ РАСПИША ПОВТОРЕН ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ХЕПЕНИНЗИ ВО ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА

март 22, 2024
1 min read

Општина Кочани распиша повторен оглас за организирање Велигденски и Петровденски хепенинг, по пат на јавно наддавање, настани што по повод празниците ќе се одржат во Паркот на Револуцијата, во периодот од 2 до 8 мај и од 8 до 14 јули 2024 година.

Комисијата за организирање на овие настани повторно ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар, да учествуваат на јавното наддавање што ќе се спроведе на 25 март 2024 година, во 12 часот во просториите на Општина Кочани. Учесниците на јавното наддавање треба да уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 10 000 ден., со праг на наддавање од минимум 1 000 ден.

Повторениот оглас за организирање на хепенингот по пат на јавно наддавање ќе се смета за успешен ако се пријави и само еден учесник.

Обврска на закупецот ќе биде да обезбеди минимум пет монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна и пијалаци, сувенири, ракотворби и сл. Исто така, обврска на закупецот е да ги издава монтажно-демонтажните објекти и продажните штандови согласно законските прописи и да организира културно-забавни настани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ