ОУ „РАДЕ КРАТОВЧЕ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

март 22, 2024
0 минути

Со положување на цвеќе на бистата на „Раде Кратовче“ и со низа свечености, вработените со своите гости го одбележаа патрониот празник на ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани.

Како дел од програмата директорот на училиштето Глигор гацовски додели плакети на дел од наставничкиот кадар како и благодарници на ученици кои со свои творби учествуваа во литературниот конкурс на тема, „за тебе борецу“.

Посебен белег на чествувањето на патрониот празник беше присуството на роднини од потесното семејство на Раде Кратовче.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ