Фолклорниот Ансамбл “Осоговски извор” е основан од неодамна од страна на членовите на веќе познатиот народен оркестар “Осоговски извор”.
Ансамблот во јануари го даде својот прв целовечерен концерт на домашен терен во с. Оризари, а оваа сабота по повот празникот Тодорова сабота, настапи на Меѓународниот фестивал “Тодорица” во Свети Николе. Од каде се вратија со две плакети, плакета за најдобра вокална изведба и плакета за најдобра инструментална изведба.
На фестивалот учествуваа околу 300 учесници, кои заедно одиграа заедничко оро на дефилето во центарот на Свети Николе.
Гран При наградата замина во рацете на Ансамблот “Студио фолклор” од Скопје.
Плакетите ги поттикнуваат членовите за уште повеќе да се вложат и со голем елан да работат на основната цел на Ансамблот, зачувувањето и негувањето на македонскиот фолклор, игра и песна и воедно се потврда дека за краток временски период и со многу љубов кон фолклорот можат да се постигнат големи успеси.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ