КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМУ „РИСТО ЈУРУКОВ“ ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА ПИЈАНОТО“

март 27, 2023
0 минути

Во среда, на 29.03.2023 година, ООМУ “Ристо Јуруков” Кочани по втор пат годинава ќе го одбележи светскиот ДЕН НА ПИЈАНОТО.

На 88 ден од годината поради 88 клавиши на ПИЈАНОТО. Настан на кој ќе бидат промовирани дел од младите пијанисти од ова училиште.

Концертот ќе се одржи во салата на училиштето со почеток во 18:00 часот.