ГОЛЕМ БОД ЗА „ОСОГОВО“ НО БОРБАТА ЗА ОПСАНОК ЌЕ СЕ РЕШАВА ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО

Во Спорт
мај 11, 2024
1 минути

Се одиграа натпреварите од 29-тото претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига по кое  дилемата околу опстанокот во лигата ќе биде присутна се до завршувањето на натпреварите од последното коло кое на програмата е следната Сабота.

Осогово“ освои голем бод во Горно Коњаре но по победите на „Каменица Саса“ и „Тетекс“ како и по поразот на „Победа“ не се знае која екипа освен „Караорман“ директно ќе испадне од лигата а која екипа ќе игра бараж за опстанок во второлигашкото друштво.

Денес играчите на „Осогово“ одиграа машки натпревар со што го оправдаа оптимизмот кој беше присутен кај нив неколку дена пред натпреварот против „Аресими“.

Иако домаќините водеа со 2:0 (Ајрадин Цуцули 34’ и Албин Рамадани 55’) „жетварите“ не се предадоа, напротив заиграа онака како што симпатизерите на клубот и очекуваа па најпрвин Јован Дојчинов во 63’ го намали резултатот за да Тоше Манов со погодок во 71’ донесе израмнување и големиот бод патува за Кочани.

Сега на ред е последното коло во кое сите карти се отворени, на „Осогово“ му треба победа против новиот прволигаш „Пелистер“ за да и следната година кочанчани гледаат второлигашки фудбал. Секој друг резултат ќе биде само големо исчекување од резултатите на натпреварите во Прилеп, Македонска Каменица и Куманово.

Резултати од 29-тото коло:

„Аресими“ – „Осогово“  2:2

„Тетекс“ – „Охрид“  2:1

„Беса“ – „Башкими“  0:0

„Пелистер“ – „Победа“  1:0

„Скопје“ – „Беласица“  2:2

„Вардар“ (Н) – „Новаци“  2:1

„Караорман“ – „Каменица Саса“  0:3

„Кожуф“ – „Детонит Плачковица“  0:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ