ДАРИЈАН ПАВЛЕВ И ЈОВАН ИЛИЕВ СО НЕТРПЕНИЕ ЈА ОЧЕКУВААТ ДЕНЕШНАТА ЖРЕПКА ЗА ЕП ВО БОРЕЊЕ У-15

мај 14, 2024
1 min read

По успешно спроведените десетдневни подготовки во Штип Репрезентацијата на Македонија днес пристигна во Лутраки (Грција) каде од утре започнува Европското првенство во борење У-15.

Даријан Павлев и Јован Илиев се членовите на БК „Спартак“ од Кочани кои заедно со останатите репрезентативци со нетрпение ја очекуваат денешната жрепка по која ќе ги дознаат своите противници.

Јован Илиев ќе настапи во категоријата до 48 килограми а Даријан Павлев до 62 килограми. Гоце Ангелов од Кочани ќе биде еден од делителите на правдата на душекот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ