ДВА ИНЦИДЕНТА НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО КОЧАНИ

мај 17, 2024
0 минути

На 16.05.2024 во 12.10 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека во Градскиот пазар во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од малолетничка од с.Баница, струмичко, над М.С.(66) од Кочани. По комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.05.2024 во 08.30 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека во Градскиот пазар во Кочани, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.В.(19) и малолетничка, од една страна и Б.С.(23) и С.С.(26) од друга страна, сите од с.Баница, струмичко. По комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Соопштение од СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ