РАСЧИСТЕНИ ПЕТ КРИВИЧНИ ДЕЛА, ТЕШКА КРАЖБА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОВР КОЧАНИ

јануари 23, 2023
1 минути

Денеска (23.01.2023) во ОВР Кочани е извршен службен разговор со 16-годишен малолетник,во присуство на родител, при што расчистени се вкупно пет кривични дела: една тешка кражба од ЈЗУ Општа болница -Кочани, две тешки кражби од куќи и две тешки кражби на дрзок начин, сите сторени на подрачјето на ОВР Кочани. Одземеното ќе биде вратено на оштетените, а по документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневни Соопштенија на МВР