Денес во „Фоаје 1“ во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложба на современ македонски филигрански накит од авторката Марија Милошевска од Скопје која по професија е етнолог.

Поставувањето на изложбата како Проект е дел од годинешната програма на НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани и истата е целосно покриена од Министерството за култура на Република Македонија.

Посетителите, со посетата на изложбата имаат прилика да доживеат поинаков пристап на филигранската техника и филигранскиот накит.

Инаку авторката Марија Милошевска веќе дваесетина години го промовира филигранскиот занает преку современиот концепт низ различни медиуми како накит, инсталации, објекти, перформанси и видео арт.


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
