Пред десет години на 19-тата седница на Советот на Општина Кочани (30.05.2014 година) меѓу пакетот мерки кои беа донесени да ги плаќаат граѓаните на Општина Кочани со 11 гласови ЗА беше донесена и одлуката од 01.Јули.2014 година граѓаните да плаќаат за паркирањето на своите возила.
Одлуката беше донесена паркирање да се наплатува за возилата кои ќе се најдат на Градскиот плоштад, на улицата „Кеј на Револуцијата“ (од аптека Зегин до паркот кај старата станбена зграда), по целата должина на улицата „Маршал Тито“ до пред Поштата, на „Димитар Влахов“, од „триаголникот“ се до крстосницата со улицата „Коле Неделковски“, паркиралиштата кај тогашната „Елпида“, кај Трговскиот центар од источната страна, меѓу зградите на „Стопанска банка“ и „Балкан лукс“, „Централниот регистар“, кулата „Треска“ и пред службениот влез на „Македонска пошта“.
Од тогаш поминаа десет години, на некои паркинзи се наплатува, на некои не, зошто одговорот треба да го дадат соодветните служби во општината. Меѓу паркинзите на кои не се наплатува е и просторот на единствениот вистински паркинг, „Градскиот плоштад“ на кој според некои процени можат да се паркираат 40-50 возила уште никој нема платено паркирање за возилото.
Која е причната што одлуката не се почитува до крај, треба исто така некој од надлежните служби во општината да им одговори на граѓаните.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ