ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ЗА „АУТО ВЕЛТ“

јули 13, 2024
0 минути

Со одигрување на финалето и доделувањето на признанијата синоќа на заградените терени во дворот на ОУ „Кирил и Методиј“ беше спуштена завесата на 22. издание на Петровденскиот Фудбалски Турнир.

Годинешен победник е екипата на „Ауто Велт“ која во финалето беше поуспешна од „Рели“ и славеше со 2:1. Самиот натпревар беше доста интересен и возбудлив а победникот беше решен во второто полувреме откако првиот дел заврши без голови. Во „малото финале“ „Амфенол“ го победи „Естон Дизајн“ 4:3.

Победникот на турнирот „Ауто Велт“ од Општина Кочани доби ваучер во висина од 60:000 денари, на второпласираната екипа „Рели“ и беше врачен ваучер од 30:000 денари а третопласираниот „Амфенол“ 15.000 денари.

Признанието „Најдобар голман“ му припадна на Ѓорѓи Јованоски (Рели), за „Најдобар стрелец“ беше прогласен Јован Дојчинов со 7 постигнати погодоци (Рели), а признанието „Најдобар играч“  му беше врачено на Горан Стојанов (Ауто Велт). Општина Кочани на сите тројца најуспешни им додели ваучер од по 6.000 денари.

И годинава во чест на прерано згаснатиот живот на младиот Благоја Апостоловски – Баки  беше доделена награда за „Најдобар млад играч“ . Наградата „Најдобар млад играч“ годинава ја понесе Марио Симоски (Естон Дизајн) а истата ја доделува семејството Апостоловски. Наградата на Симоски му ја врачи братот на Баки, Даниел.

Организатор на турнирот е Општина Кочани со техничка поддршка на Општински Фудбалски Сојуз – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ