АФРОДИТА САЛИХИ СЕ ПРОСТИ ОД РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ДРЕС

Во Спорт
јули 14, 2024
1 минути

Афродита Салихи расниот стрелец и долгогодишен член на Фудбалската Репрезентација на Македонија во петокот ги одигра последните минути во дресот што и многу значи, но сепак со горчина во себе го анализираше нејзиниот настап последните дваесет години.

Благодарам до сите тренери и селектори што беа со мене во изминатите дваесет години. Благодарам и до сите девојчиња кои играа со мене. Искрено од дното на мојата душа им посакувам многу среќа и успех понатака. Сепак, најголема „благодарност“ сакам да упатам до Фудбалската Федерација на Македонија која не сакаше да не испочитува за сите овие изминати 20 години во репрезентацијата, како најстари играчи и да ни направи чест за одиграните повеќе од 100 натпревари. Кога ќе ги прашавме зошто вака се однесуваат кон нас и не држат до тоа што еве веќе секаде во светот станува традиција, се правдаа во стилот: немале податоци, не можеле да копаат од 2004 година па наваму, но најчесто тие ни го поставуваа прашањето:  „А што ви вам значи толку бројот 100 да ви го пишува на дресот?. Нсјмногу ме чуди тоа, 20 години да играш во репрезентацијата и да не се сигурни дека имаш толку натпревари. Или пак поентата е дека треба наместо за тебе кој си го заслужил тоа за некој друг да се направи. Дали ќе ги добиеме ние тие признанија или не можеби и не е толку важно, но секогаш ќе бидеме  благодарни и горди на нашите 100 па и повеќе одиграни натпревари за нашата репрезентација. Секој што го носи овој дрес, треба да се испочитува онака како што доликува. Секаде е веќе така, но кај нас за жал тоа тешко оди. Сепак за да не биде се така црно на крајот едно големо Благодарам до селекторот Александар Андов што самиот тој ни овозможи еден мал гест со плакет од 100 натпревари. Искрено, да не беше тој, никој немаше да знае за нашите 100 настапи во дресот на Репрезентацијата на Македонија. Ти благодарам Аце. И за крај, да се разбереме, Маќедонија е најубавата земја, но за жал Фудбалската Федерација ја водат луѓе на кои не им се работи,  или пак навистина ние со повеќето од сто настапи не сме го заслужиле нивното внимание на начин што го очекувавме.

Порталот www.komarec,com.mk упатува една голема благодарност до Афродита Салихи и Кате Милеска за сето она што изминатите 20 години го дадоа во дресот на Македонската Фудбалска Репрезентација. Ви благодариме на долгогодишната наша соработка и Ве охрабруваме дека кога-тогаш сепак некој се ќе постави како што требало да биде.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ