ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – „ОСОГОВО“ ДОМАЌИН НА „ВАРДАР“ ОД НЕГОТИНО ВО ПРВОТО КОЛО

Во Спорт
август 16, 2024
0 минути

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот  се крева завесата на годинешниот шампионат во Втора Фудбалска Лига.

Во првото коло „Осогово“ му е домаќин на „Вардар“ од Неготино, екипа против  која во минатото првенство освои само еден бод, 2:2 Во Кочани и 0:3 во Неготино.

Според фудбалските стручњаци четири екипи ќе се борат за првите две места и за местото кое води во бараж натпреварите, Македонија ГП, Брегалница (Штип), Детонит Плачковица и Аресими се вбројуваат во кандидатите за првите четири мета, но нема да биде изненадување ако во трката влезат и Скопје Беласица и Охрид.

Двојки за првото коло:

Осогово – Вардар (Н)

Скопје – Вардарски

Кожуф – Каменица Саса

Детонит Плачковица – Новаци

Брегалница (Ш) – Победа (П)

Борец – Башкими

Македонија ГП – Охрид

Аресими – Беласица

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ