Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и доктор од Службата за трансфузиона медицина – Кочани, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна августовска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 29 крводарители од нив 8 лица до 30 годишна возраст.
„Акцијата е 12-та по ред што Црвен крст Кочани ја реализира годинава , односно осма во просториите на Црвениот крст. Ова е редовна крводарителска акција што се спроведува секој последен четврток во Црвен крст Кочани. Согласно годишниот план за крводарување годинава предвидени се 19 крводарителски акции. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите дарители кои денеска даруваа крв и придонесоа за обезбедување на доволна количина на крв и крвни продукти“, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
Црвен крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ