ЗАВРШЕН ДЕН НА ТУРНИРОТ ВО БАСКЕТ „3Х3“

септември 8, 2024
0 минути

По дводневни интересни и неизвесни натпревари годинешниот турнир во баскет „3х3“ влегува во својата завршница.

Денес, последниот ден од турнирот најдобрите осум екипи ќе се борат за највисокото место.

Инаку денес со почеток во 17:00 часот на програмата  се четврт финалните натпревари во кои се среќаваат:

Даст инг – Мр. Блек

Фурија Битола – Змајеви

Кино Влае – Еуроконтрол

Дружината на Вацко – Твоја аптека

После одигрувањето на овие натпревари а по паузата продолжуваат полу финалните натпревари за да по одигрувањето на финалето се добие и годинешниот победник.

За забавниот дел денес ќе се погрижи Тони Зен.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ