Во спортската сала при ООУ „Никола Карев“ – Кочани денес борачите на „Спартак“ имаа дружба со децата со посебни потреби.
На своите другарчиња борачите им презентираа борби на душекот а потоа ги одработуваа вежбите кои дечињата со посебни потреби ги учат, кои пак им возвратија со неколку борби.
Заедничките вежби беа убава прилика и едните и другите да се запознаат со работата која е нивно секојдневие.
На крајот борачите на своите другарчиња им подарија по една маица со логото на Боречкиот Клуб „Спартак“.
Убав настан и покана до останатите клубови во општината да тргнат по патот на борачите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ