Како што ни јавуваат наши читатели за време на викендот биле изненадени кога виделе паркирано возило на неколку метри од влезот во училиштето „Раде Кратовче“.
Малку им било чудно да се овде паркира возило посебно во денови кога на вистинскиот паркинг простор спроти влезот на училиштето речиси и да нема паркирани возила.
Како што пишуваат и да било возилото во дефект имало доволен простор да се паркира на улицата, а вака е и смешно и чудно.
Подвлекуваат дека и така нема надлежни служби кои ќе го санкционираат ваквото самоволие на поединци па затоа во градот ни се случува тоа што ни се случува кога е во прашање сообраќајната култура.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ