СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ „ШОПИНГ ЦЕНТАРОТ“

јануари 17, 2023
0 минути

Утринава нешто после 05:00 часот во близина на мостот кај „Шопинг Центарот“ се случи сообраќајна несреќа во која е направена поголема материјална штета.

Во сообраќајната несреќа учествувале две возила, товарно возило „Мерцедес“ и патничко моторно возило „Ланд Ровер“.

По судирот едно од возилата излетало на тротоарот по кој за среќа во тоа време немало пешаци, удрило во ѕидот на кејот од реката и го оштетил.

Увидни екипи од Полициска станица – Кочани се излезени на терен и ги испитуваат причините за оваа сообраќајна несреќа.

С.  Ивановски