Во центарот на Кочани, на потегот од Градскиот плоштад до Паркот на Револуцијата се реализира Празнично дефиле на ансамбли, институции и здруженија од Кочани.

Целта е пред граѓаните на Кочани да се претстават членовите и видовите активности што се реализираат во нашиот град. На дефилето учествуваат и фолклорните состави, гости на овогодишната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Содржините од манифестацијата продолжуваат со програма на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“.


КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ

 
	
	 
		 
	 
	 
 
   
     
   
     
   
     
   
     
   
     
	 
	 
	 
	 
	 
	