БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

јануари 5, 2022
0 минути

„Почитувани сограѓани,

Ви ги честитам овие православни празници кои во секој дом носат мир и благосостојба. Божиќ е празник на мирот, радоста и љубовта, а Бадник е предвесник на големиот христијански ден и носи благосостојба, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза.
Вербата ја прави секоја желба возможна, затоа овие Божиќни празници нека ни ги исполнат срцата и домовите со мир и хармонија. Среќен Божиќ, Христос се роди!“

Градоначалник на Општина Кочани,

Љупчо Папазов