ВТОРА ПОБЕДА ЗА „ФУДБАЛ СТАРС“ ВО РЕГИОНАЛНАТА ЈУГОИСТОЧНА ЛИГА ЗА ПЕТЛИЊА

септември 30, 2024
1 min read

Екипата на „Фудбал старс“  и во второто коло оствари победа во Регионалната југоисточна лига  во категоријата „петлиња“. Овој пат играчите на тренерот Симеончо Митев до три бода дојдоа на жешкиот терен во Струмица каде со пресврт ја совладаа домашната екипа на АП „Брера“.

Интересно е што домаќините во раната фаза од натпреварот имаа водство од 2:0. Со головите на Михаил Новоселски во 7’ и Драган Стоилов во 8’ дојдоа до посакуваното водство кое не ги збуни играчите од Кочани, напротив тие тогаш почнаа да ја играат својата игра и со трите гола на одличниот Филип Митев во 24’ 30’ 54’ и Саше Герасимов во 59’ дојдоа до значајна победа која ги зацврсти на делба на првото место.

Резултати од 02. коло:

АП Брера Струмица – Фудбал Старс  2:4

Тополка – Рудар 1947  2:1

Брегалница (ШТ) – Овче Поле  2:0

Беласица – јанг Боис  4:1

Мал Ајакс-Вардар – Атлетико 2021  7:1

На табелата во водство се Белсица и Фудбал Старс со по 6 бода, пред Брегалница (ШТ) 4, Рудар 1947 со 3 освоени бода.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ