ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „СЛОГА 1934“ ЈА НАМАЛИ ПРЕДНОСТА НА „ВАРДАРСКИ“

Во Спорт
март 10, 2024
1 минути

Со четирите одиграни натпревари стартуваше пролетниот дел од првенството во Трета Фудбалска Лига – Исток. Се одигра 10-тото коло во кое се постигнати 20 погодоци или по 5 на секој натпревар.

Екипата на „Слога 1934“ како и што се очекуваше доста фуриозно го започна пролетниот дел од првенството. Виничани во една фуриозна но преди се и ефикасна игра го совладаа „Дојранско Езеро“ со 5:0.

Во Свети Николе гледачите видоа исто така добра фудбалска претстава зачинета со 6 погодоци. „Овче Поле“ го победи „Карбинци“ со 4:2.

Со новите три бода за „Овче Поле“ и „Слога 1934“ а по киксот на „Вардарски“ на домашен терен против екипата на „Тиверија“ 2:2, разликата сега изнесува само еден бод, односно седум бода, што според познавачите на фудбалските прилики на истокот е достижна разлика за двете екипи,

Во Пирава домашната екипа „Ударник“ беше за класа подобар противник од „Малеѓ“ и сосема заслужено извојува победа од 4:1.

Резултати од 10-тото коло:

„Овче Поле“ – „Карбинци“  4:2

„„Вардарски“ – „Тиверија“  2:2

„Ударник“ – „Малеш“  4:1

„Слога 1934“ – „Дојранско Езеро“  5:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ