ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОРАЗ НА „СЛОГА 1934“ ВО БОГДАНЦИ

Во Спорт
октомври 8, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.  На три натпревари славеа домаќините а еден натпревар заврши без победник.

Дербито на колото се одигра во Богданци а домаќинот „Вардарски“  еден од кандидатите за највисок пласман ја совлада „Слога 1934“ и й го нанесе и вториот пораз во досегашниот тек на првенството.

Во Карбинци истоимената екипа со добра и ефикасна игра ја совлада „Тиверија“ и ја закова за дното на табелата со нула бодови.

Во Пробиштип немаше победник, додека во Свети Николе во натпревар со седум голови славеа домаќините.

Резултати од 4-тото коло:

„Вардарски“ – „Слога 1934“  2:1

„Овче Поле“ – „Дојранско езеро“  4:3

„Рудар“ – „Малеш“  2:2

„Карбинци“ – „Тиверија“  4:1

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ