ВО ЧЕТВРТОК ПРОМОЦИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „НЕПОСЛУШНАТА СВИЛЕНКА“ ОД АВТОРОТ АНА ДЕДОВА

октомври 8, 2024
1 минути

По повод неделата на детето, ЈОУ Библиотеката “Искра” Кочани, организира промоција на сликовница НЕПОСЛУШНАТА СВИЛЕНКА од роднокрајната авторка, Ана Дедова.

Промоцијата ќе се одржи на 10.10.2024 (четврток) во 11:00 ч. во МКЦ, (Мултикултурен центар) приземје. (голема сала) Промотор: м-р. Доне Донев Модератор: Ивана Николова Јован Цветанов, учесник

Во склоп на промоцијата, ќе има музички точки од музичкото училиште Ристо Јуруков, од Кочани и ќе биде драматизирана приказната од страна на талентираните ученици од ООУ „Никола Карев“ и уште многу други занимливости за младите читатели!

Во драмата учествуваат: Автор на приказната: Ана Дедова Сценограф: Танас Дедов Маја Станојкова – наратор Софиа Богатионва – наратор Елена Захариева-мајката пеперуда Викторија Наунов- Свиленка Стефан Донев-еже

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ