НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО, КОЧАНСКИТЕ ПРВАЧИЊА СЕ ЗАЧЛЕНИЈА ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

октомври 10, 2024
1 минути

Денеска во Градскиот парк, 280 првачиња од Кочани се вклучија во одбележувањето на Детската недела 2024, станувајќи членови на Детската организација.

Во организација на Општина Кочани тие го следеа настанот во кој беа вклучени сите кочански основни училишта, координиран од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани.

Свечениот чин за првачињата го поздрави градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, посакувајќи им да се дружат, да се запознаваат да учат да ги остваруваат своите права и да имаат среќно и безгрижно детство.

Неделата на детето, годинава се одбележува под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство“.

Натамошните активности во рамките на одбележувањето на Неделата на детето се реализираат во самите училишта преку организирање на учениците и ученичките заедници.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ