ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И ОТКУПУВАЧИТЕ ЈА ДОГОВОРИЈА ОТКУПНАТА ЦЕНА ЗА ОРИЗОВАТА АРПА

ноември 10, 2024
0 минути

Во саботата во салата на спратот во „Мултикултурниот центар“ во кочани со посредство на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски оризопроизводителите и откупувачите ја договорија откупната цена за оризовата арпа.

Договорено е ситните сорти арпа да се откупуваат по 33,00 денари а едрите сорти по 40 денари во зависност од рандманот, па така заклучно со последниот ден во оваа календарска година да бидат откупени теи илјада тони оризова арпа а во наредната година Владата на Република Македонија да им излезе во пресрет на оризопроизводителите и да откупи ориз за стоковите резерви.

Како што посочи министерот Трипуновски целиот процес на откуп ќе го следи државниот инспекторат за земјоделство. Доколку земјоделците сметаат дека се оштетени при утврдувањето на рандманот од страна на откупувачот истиот ќе можат да го провери бесплатно во Институтот за ориз во Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ