ИМА ДОВОЛНО АКУМУЛИРАНО ВОДА ВО КАЛИМАНЦИ И ГРАТЧЕ ЗА УСПЕШНО ЗАВРШУВАЊЕ НА СЕЗОНАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ

јуни 4, 2023
0 минути

Обилните врнежи од дожд што го зафатија регионот во последниот месец дена се причината и двете акумулациони езера „Калиманци“ и „Гратче“ да имаат акумулирано  доволно вода за успешно завршување на годинешната сезона за наводнување.

Езерото „Калиманци“ чија максимална количина на вода на прелив е 115 милини метри кубни моментно располага со 111 милиони метри кубни, додека езерото „Гратче“ кое може да акумулира максимално 2,1 милиони метри кбни вода моментно е на прелив од 2 см.

Според стручните лица  во АД „Водостопанство“, Подружница Кочани акумулираните количини вода се доволни за успешно завршување на сезоната за наводнување на околу 5.000 хектари.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ