СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „НОВОПРОЕКТИРАНА 1“

ноември 27, 2024
0 минути

Во јужниот дел на зоната Лесна Индустрија во Кочани, се асфалтира улицата „Новопроектирана 1“, којашто е продолжение на претходно изградениот дел од неа.

Градежните работи за оваа улица опфатија рамнење и набивање на тлото, поставување рабници и сливни решетки и нивелирање на шахтите за атмосферска и за фекална канализација.

Улицата е долга 100 м, широка 7,5 м,  изведувач на работите е „Гама градба“ од Скопје, вредноста на објектот е 3.200.000 денари.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ