СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ДВА КРАКА ОД УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО ОРИЗАРИ

јули 14, 2023
0 минути

Деновиве се одвиваат градежните работи за реконструкција на два крака од улицата „АСНОМ“ во Оризари.

Изведувачот на работите, фирмата „Коле транс инженеринг“ од Штип работи на ископи и тампонирање на двата улични крака, во вкупна должина од 320 м. Според потпишаниот договор, ќе се изврши и корекција на спојот на краците со главната улица „АСНОМ“, ќе се постават рабници и ќе се асфалтира коловозот чија ширина е 5 м. На дел од кракот 2, ќе бидат вградени  пропиленски цевки за атмосферска канализација.

Вкупната вредност на договорот изнесува 2.936.056 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.

Со изградбата на овие улични краци се комплетира уличната инфраструктура во месноста Селиште во Оризари, која добива нов и уреден лик.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ