Сопствениците на дуќаните во просторот за минување „тунелот“, во Ламела Б во Трговскиот центар деновиве поставија новогодишни сијалици со што му дадоа еден посебен шмек на просторот и го најавија доаѓањето на Новогодишните и Божиќните празници.
„Не се важни средствата што ги издвоивме за да го украсиме просторот пред нашите дуќани важно е што нашата иницијатива граѓаните ја поздравија. Ракавицата ја фрливме, очекуваме и другите сопственици на дуќаните да го следат нашиот пример и на овој простор му дадеме една посебна убавина пред празниците кои ги очекуваме“ ни напиша еден од сопствениците на дуќаните кој воедно ни испрати и две фотографии.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ