ПРВАТА ПОЛИЦИСКА „ПОЛИЦИЈАДА“ РЕАЛИЗИРАНА НА ПОНИКВА

јуни 29, 2023
1 минути

Изминатиот викенд (Сабота и Недела) во организација на НСП (независен Синдикат на Полицијата) на Пониква се одржаа Првите централни спортски игри насловени како  Првата полициска „Полицијада“.

На игрите учествуваа околу 420 вработени од редовниот состав на полицијата, од судската, шумската и затворската полиција.

Се натпреваруваа во одбојка, стрелање со воздушна пушка, баскет, шах, пикадо, бадмингтон, влечење на јаже, туркање рака, како и офроуд трка со џипови.

НСП на најуспешните натпреварувачи им врачи медали, пехари и признанија во сите дисциплини.

На првата полициска „Полицијада“ присуствуваше и Арбен Јашари заменик директор на Бирото за јавна безбедност

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ