Наш читател ни испрати писмо очигледно револтирам по одлуката на Советот на Општина Кочани, општината да плаќа до 100 киловати потрошена енергија за одредена категорија на семејства. Писмото Ви го пренесуваме во целост.
„Ја гледав во средата седницата на советот на општината преку телефонот и малку сум разочаран од една донесена одлука од страна на сите советници. Како не се срамуваат да излезат на улица кога донесоа одлука само на фамилиите ос касарната општината да плаќа до 100 киловати струја. Лажат не нас ама и самите се лажат, па ние досега им плаќавме струја преку градското осветление на кое тие беа на диво уклучени исто како што на диво таму се и населија. Задоволија желбата на еден советник кој само ги мења партиите час таму час онаму и стално е во советот. Слушам а не верувам во она што го слушам дека само за времето додека им се изградат куќи ќе им се плаќала струјата. Какви куќи па сега и тоа ли сега треба да им се направе. Начинот се знае кој од дека дошол там ќе си иде, кој ќе дозволи во негова близина да се населат. Општината а преку неа партиите загрижени за неколку гласови на се се сложват. Зошто од општината не ги прашат комшиите околу касарната што зулуми им прават кога им влегуват по дворовите и куќите или тоа никого не го интересира. Но ајде кога веќе решиле та им плаќат струја нека им плаќат, него јас сакам за крај да прашам или да упатам барање до советниците да најдат начин како што најдоа за ова група семејства да најдат начин и на другите семејства од ранливите категории кои се староседелци тука. Нека општината им плаќа по толку киловати и на семејствата од ранливите категории за да бидеме сите рамноправни, а не за една група на диво населени ќе плаќаме сите а за другите не. Не бива така. За крај молим ве да го објавете писмото оти сум стварно револтиран. Поздрав и фала на просторот отстапен.“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ