Општина Кочани ја објави одлуката за доделени стипендии на студенти за академската 2024/2025 година.
Од пријавените 33, стипендии ќе користат 30 студенти. Двајца ги повлекле пријавите пред донесувањето на одлуката, а една пријава поднел студент на приватен факултет.
Наредниов период студентите ќе ги потпишат договорите со Општина Кочани за стипендијата што ќе ја добиваат десет месеци, со месечен износ од 3.500 денари.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ