ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕМИН КАЈ ПОДЛОГ

декември 28, 2024
0 минути

Општина Кочани и ЈП Македонски железници ја завршија рехабилитацијата на горниот строј на пругата Велес – Кочани, на патниот премин кај Подлог. Со цел да се олесни минувањето на возилата, да се зголеми безбедноста и да се забрза протокот на сообраќајот, Општина Кочани изведе и градежни работи за негово проширување.

Претходно се рехабилитираа и се модернизираа премините преку железничката пруга кај Основниот суд на ул. „Никола Карев“ и кај Ветеринарната станица, на дел од ул. „Лазар Андонов“ во Кочани.

Поради големата фреквенција на сообраќај на овој потег, се повикуваат учесниците во сообраќајот да бидат внимателни и претпазливи.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ