ЌЕ СЕ ГРАДИ УЛИЦАТА „ЈОРДАН ЗАФИРОВ“ И РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „РОЗА ПЕТРОВА“ – ДЕЛ

декември 27, 2021
1 минути

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов го потпиша договорот за доиксористување на средствата од договорот за под-заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, од компонентата Општински инвестиции, за реализација на проектот – Изградба на улица „Јордан Зафиров“ и реконструкција на улица „Роза Петрова“ (дел 1).

Вкупна вредност на проектот е 5 310 637 денари, од кои 4.671.371 денари се обезбедни од под-заемот, а остаткот е сопствено учество обезбедено од буџетот на Општина Кочани.

Општина  Кочани