Со мото дефиле кое започна во Кочани па преку Виница повторно назад во Кочани до м.в. „Кај дабот“ над селото Бели, моторџиите од мото клубовите од Кочани и Виница и официјално ја отворија годинешната мото-сезона.
По неколкучасовното дружење „Кај дабот“ учесниците од годинешното дефиле а ги имаше повеќе од дваесеттина се вратија во Кочани, испија по едно кафе, помуабетија уште малку и си заминаа во своите домови.
Инаку оваа мото дружба традиционално веќе неколку години се реализира на првиот ден од новата година.
Самото дружење и масовноста навестија уште една успешна година.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ