БАДНИКОВАТА ПОВОРКА НА ДЕЧИЊА ОД ОБЛЕШЕВО ПОРАЧА: ЧЕСТИТ БАДНИК И ЗА МНОГУ ГОДИНИ

јануари 6, 2025
1 минути

Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ „Климент Охридски“ –  Облешево и свештениците од МПЦ

Со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата се пренесе порака за мир и соживот во Христијанскиот свет. Денес во предвечерието на Најторжествениот и Најрадосен празник на православните верници -Христовото раѓање, да шириме пораки за љубов добрина и хуманост како темелни вредности на животот.

Градоначалникот на општината Далибор Ангелов и директорот на училиштето Јорданчо Костадинов им посакаа искрени честитки за многу здравје среќа и топлина во душите на сите жители на општината и сите православни верници, а дечињата градоначалникот ги почести со пригодни подароци.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ