Денес во ЈОУ Библиотека “Искра” во соработка со Државен архив на РС Македонија беа реализирани две промотивни содржини од издавачката продукција на Државен архив.
Пред многубројната публика беше промовирано делото “Писма од Љубомир Милетич до Афанасиј Селишчев (историја на една мистификација)” од авторите д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски, во кое е содржан богат архивски материјал од областа на лингвистиката, историографијата, и литературната историја. За делото говореа авторот д-р Бранислав Светозаревиќ, историчар-архивист, и Марјан Гиовски, историчар.
Беше отворена изложбата “АСНОМ-израз на суверената воља на македонскиот народ за остварување на неговото право за самоопределување” подготвена по повод јубилејот 80. години од првото заседание на АСНОМ, подготвена од повеќе автори а промовирана од д-р Јасмина Дамјановска.
ЈОУ Библиотека „Искра“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ