ЗАТВОРЕНА ФЕСТИВАЛСКАТА ПРОГРАМА ОД „МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА КНИЖЕВНОСТА ЗА ДЕЦА“

април 6, 2024
1 минути

Во текот на вчерашниот ден (Петок) во салата на „Мултикултурниот центар“ во Кочани, ЈОУ библиотека ,,Искра” од Кочани го реализираше и последниот настан – „Средношколски парламент во библиотека“, во рамките на проектот по повод 2 април, Меѓународниот ден на книжевноста за деца.

На истиот се дебатираше на тема ,,Предностите на читањето книга во печатена форма наспрема читањето книга на електронски уред”. Активно учество, со искажување и бранење на своите размислувања и тврдења зедоа учениците од двете средни училишта во градот, СОУ ,,Љупчо Сантов” Кочани и СОУ ,,Гошо Викентиев” Кочани, под менторство на наставниците Александар Димитров и Марија Соколова.

Со свои стручни излагања учествуваа проф.д-р Кирил Барбареев, проф.д-р Јованка Денкова и проф.д-р Ана Витанова Рингачева.

Присутни на настанот беа ученици од ОУ,,Раде Кратовче” Кочани, ОУ,,Крсте П.Мисирков” Оризари и учениците активисти кои се дел од тимот на Ким Ко Инфо од ОУ ,,Св.Кирил и Методиј”-Кочани.

Со ова беше затворена фестивалската програма, која има своја тринаесетгодишна реализација досега.

Координатор на програмата,

библиотекар советник,

Магдалена Кочовска – Салтирова

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ