„КЕЈСКАТА УЛИЦА“ ВО ОРИЗАРИ СЕ ПОВРЗУВА СО УЛИЦАТА „АНГЕЛ ДОНЕВ“

јануари 27, 2025
1 минути

Во тек се градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Кеј на револуцијата“ во Оризари и нејзино поврзување со улицата „Ангел Донев“.

 

Стручните служби од Општина Кочани информираат дека се работи на дел со должина 60 м и ширина 7 м, каде што се градат потпорни ѕидови и се поставува армирано-бетонска плоча над постоечкиот канал за атмосферска вода, по што ќе следува асфалтирање на овој спој на двете улици.

Вкупната вредност на овој градежен зафат е 2.460.393 денари, средства од општинскиот буџет, а работите ги изведува избраниот економски оператор „Коле транс“ од Штип.

На овој дел од улицата ќе биде поставено јавно осветлување, со што новоизградената „Кејска улица“ ќе биде целосно завршена и поврзана со сообраќајниците во централниот дел на Оризари.

Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ