ЗАВРШИ АСФАЛТИРАЊЕТО НА ДВА КРАКА ОД УЛИЦАТА „АСНОМ“ ВО ОРИЗАРИ

октомври 6, 2023
0 минути

Во Оризари заврши асфалтирањето на два крака од улицата „АСНОМ“, во вкупна должина од 360 м. Градежните работи опфатија и поставување на атмосферска канализација на дел од улицата.

Изведувач на работите е градежната фирма „Коле транс“, а за реконструкција на краците од улицата „АСНОМ“ се наменети 2.936.056 денари, средства од општинскиот буџет.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ