ПРЕДАДЕНА ВО УПОТРЕБА НОВА СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА И ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА

февруари 1, 2025
0 минути

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на Кочани.

Најпрвин во населбата „Драчевик“ во употреба ја пушти новата социјална зграда, трета по ред, при  што им ги предаде клучевите на некои од новите станари од зградата.

Посетата беше искористена во употреба да биде пуштена и новата детска градинка, поточно новиот клон „Детелинка“ која работи во склопот на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани.

Градинката која беше завршена во 2021 година досега не беше пуштена во употреба од како што беше истакнато, технички причини. Самата градинка ќе може да прими 114 дечиња, со што и те како ќе им се помогне на жителите на Кочани посебно од овој дел на градот да можат да си ги сместат своите дечиња.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ