Двете фотографии кои се направени денес во 16:10 часот јасно покажуваат дека кочанчани едноставно се гушат во нечист воздух.
Многумина од населението што беа излезени се пожалија дека дишењето им е отежнато а очите печат од нечистиот и загаден воздух.
И додека преку социјалните мрежи луѓето се жалат на нечистиот и тешко воздуг за дишење, инспекторите за заштита на животната средина гајле си немаат. Иако не е работен ден ниту еден од надлежните да отиде кон излезот од Кочани спрема Оризари за да на лице место се увери дека оџакот на „Пејпер Мил“ и денес чади ли чади.
Ако во утринските и претпладневните часови чадот не беше густ во попладневните часови е зголемен од претпладнето за неколку пати.
И така, кочанчани ќе се задушуваат во нечист воздух а оние кои треба да ги спречат овој проблем ќе си тераат како до сега, воопшто незаинтересирани низ што се минуваат жителите на Кочани.
С. Ивановски