ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ БЕЗ БЕЛО ЗНАМЕ ВО НЕГОТИНО

Во Спорт
февруари 14, 2025
1 минути

Утре (Сабота) со почеток во 14:00 часот започнуваат натпреварите од 16-тото (прво пролетно) коло во Втората Фудбалска Лига.

„Осогово“ со доста изменет лик, нов состав, нов Стручен штаб и ново Претседателство ќе патува во Неготино каде ќе се обиде да ги освои бодовите кои и те како е им значат во борбата за зачувување на второлигашкиот статус.

Во изминатите три полусезони „жетварите“ имаат негативен биланс со „винарите“, на трите натпревари немаат забележано победа, имаат едно реми и два порази.

„Без бело знаме патуваме во Неготино кај мошне добрата екипа на Вардар. Есеноска во првото коло во Кочани загубивме од утрешниот наш домаќин, а искрено се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и со кренати глави ќе се вратиме дома. Подготовките поминаа во најдобар ред, си заминаа некои играчи, но добивме квалитетни новајлии кои се надеваме дека ќе ја оправдаат довербата“ беше она што го слушнавме на последниот тренинг пред стартот на пролетниот дел од првенството.

Двојки од 16-тото коло:

Вардар (Н) – Осогово

Вардарски – Скопје

Каменица Саса – Кожуф

Новаци – Детонит Плачковица

Победа – Брегалница

Башкими – Борец

Охрид – Македонија ГП

Беласица – Аресими

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ