Конечно, по неколкумесечно реновирање на улицата „Гоце Делчев“ е со нов изглед. Се постави нов асфалтен слој на самата улица, се завршија тротоарите, и како што беше истакнато од надлежните улицата е комплетно завршена.
Денес улицата навистина изгледа „импресивно“, заедно со тротоарот повеќе наликува Арабеска, така да големи се шансите во иднина ваквиот склоп на улицата и тротоарот да стане хит секаде каде ќе се инвестира во овој сегмент.
Дали со ваквата изведба кочанските улици ќе станат репер за идните слични инвестиции секаде низ Македонија времето ќе покаже?
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ