В среда, 26 февруари 2025 година, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 59. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани
- Програми за изведување ученички екскурзии и други слободни ученички активности во ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани во учебната 2024/25 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за 2025 година
- Годишна информација 2024/2025 за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
- Извештај за работењето на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2024 година и Програма за работа за 2025 година
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Воведување мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“
- Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од КЈП „Водовод“ – Кочани – Основен проект за атмосферска канализациска мрежа за дел од Град Кочани (северно од Фабриката Руен и Атом).
- Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од Друштвото за трговија и услуги Електрика ДООЕЛ увоз-извоз Кочани
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за давање на трајно управување и користење без надоместок на движни ствари на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за давање на трајно управување и користење движна ствар – две фотоволтаични централи со моќност од 440 kw и 120 kw и опрема за намалување на загубите на вода, на КЈП „Водовод“ – Кочани, без надоместок
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за давање на трајно користење, одржување и управување без надоместок на oбјектот „Детелинки“ со седиште во Кочани на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, Општина Кочани
- Предлог-одлука за утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2025 година.
Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.
Општина Кочани