НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЉУПЧО ПАПАЗОВ

декември 31, 2021
0 минути

„Почитувани граѓани на Општина Кочани,

Годината која изминува зад нас беше полна со предизвици, година во која водевме битка со пандемијата. Од 2021 година научивме многу, си бевме поддршка едни на други и затоа да ги запамтиме само добрите моменти.

Во пресрет на Новата 2022 година посакувам со многу работа, ентузијазам и труд Општина Кочани да ја направиме уште подобра. Влегувањето во Новата година е предизвик за ново докажување, а празниците се моменти на среќа со семејствата.

Во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани, од сѐ срце Ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници, со желби за многу здравје, просперитет, среќа и меѓусебна сплотеност.

Останете во добро здравје и пријатни мигови со вашите најблиски!“ – стои во честитка од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.