Во периодот од 20.02-23.02.2025 година, во Мостар (Босна и Херцеговина) се организираше средба под мотото „XI Брџански средби“, на кој зедоа учество претставници од извидничките сојузи од Југоисточна Европа.
Делегацијата од Сојузот на извидници на Македонија беше во состав од триесет старешини од неколку градови од Македонија меѓу кои и тројца старешини од ИО „Ластовица “ од Кочани.
Овие средби беа од големо значење за нашиот одред, бидејки се создадоа нови пријателстава и можност за нови соработки. На самата средба беа презентирани сите активности на националните Сојузи поединечно како и нивните одреди.
Македонската извидничка делегација попатно положи цвеќе на спомен обележјето на претседателот Борис Трајковски во Ротимља.
ИО „Ластовица“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ