Штотуку добивме неколку фотографии од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани од наш сограѓанин кој во потпис на фотографиите вели:
„Можеби за некoгo нашиот парк сега пред новогодишната ноќ не изгледа добро, но за нас останатите што сме во Кочани и што ќе останеме овде за новогодишната ноќ ни е убав. Еве вечерва на радост на нашите дечиња прошетавме и се фотографиравме и ви ги испраќаме фотографиите за да на оние прошетаните и иселените им ја доловиме атмосферата. Нека тие си уживаат во нивните украсени градови, а ние ќе си уживаме овде, каков и да е паркот за нас е убаво украсен“.
Благодарност до нашиот сограѓанин за фотографиите.
С. Ивановски