Во организација на Училишната Федераци на Македонија а со техничка организација од Б.К,,Балканец”, денес во Штип во салата на ОУ „Тошо Арсов“ се одржа „Државното Училишно првенство“ во борење слободен стил за момчиња и девојчиња, ученици од основните учулишта во земјата.
На првенството зедоа учество околу 150 борачи/ќи ученици. Борачите на ,,Спартак” како претставници на училиштата од Кочани и освоија следните резултати:
Даријан Павлев – 1-во место до 68кг, (ООУ,,Никола Карев”);
Џејсон Горгиев – 3-то место до 57кг.(ООУ,,Никола Карев”);
Едис Билалов – 1-во место до 48кг. (ООУ,,Никола Карев”);
Славица Митев – 1-во место до 46кг.(ОУ,,СВ. Кирил и Методиј”);
Стојана Митева – 2-ро до 54кг.(ОУ,,СВ. Кирил и Методиј”);
Мартин Цветков – 3-то место до 52кг.(ОУ,,Св. Кирил и Методиј”);
Павел Темелков – 2-ро место до 75кг. (ОУ,,Раде Кратовче”); Анастасија Гушкова (ОУ,СВ. ,Кирил и Методиј”), Џебаир Демиров (ОУ,,Раде Кратовче”), останаа без пласман.
Учениците ги предводеше наставник:Иван Јанев, додека тренер:на екипата беше Зоран Сребренов а правдата на душекот меѓу повеќето судии ја делеа и Игор Христов и Гоце Ангелов од Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ